ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2022
Недела на имунизацијата – во Македонија само 8,4 % со трета доза
Автор: Goce Author

Европската недела на имунизација, што секоја година традиционално се одбележува од 24ти до 30ти април, 2022 година е поволен момент да размислиме за важноста на вакцинацијата, како еден од темелите на функционален јавно здравствен систем.

Оваа година, Европската недела на имунизација ги истакнува историските постигнувања на вакцинацијата, вклучувајќи го и напредокот кон глобалната ерадикација на полиото и регионалната елиминација на малите сипаници и рубеолата, како и потенцијалите за уште поголеми достигнувања, како на пример ставањето под контрола на Хепатит Б и елиминацијата на ракот на грлото на матката. Спасените стотици илјади животи преку вакцинацијата против КОВИД-19 – и тоа само во европскиот регион на СЗО – се исто така причина за прослава.

–Нема сомневање дека имунизацијата придонесува за здраво население. Додека работевме на заштита на нашето население од Ковид-19, опфатот со редовните вакцини падна под оптималното ниво. Нашата тенденција е да го постигнеме препорачаниот опфат од 95 проценти, за таа цел во соработка со здравствените домови почнуваме со засилена теренска работа за повикување на пропуштените деца за вакцинација. Треба да се искористи секоја можност за вакцинирање на децата и возрасните, согласно Календарот за редовна имунизација, изјави д-р Беким Сали, министер за здравство.

Недела на имунизацијата кај нас – само 46,5 % со две вакцини, занемарливи 8,4 со трета доза

Пандемијата на КОВИД-19 погоди многу земји ширум светот, а последици се почувствуваа, меѓу другото и во областа на имунизацијата. Во Северна Македонија, СЗО и УНИЦЕФ соработуваа со здравствените власти на државата и партнерите на спроведување вакцинација против КОВИД-19 во сите делови од државата и за сите групи од населението. До денес, 46,5 % од граѓаните на Северна Македонија имаат примено две дози вакцини против КОВИД-19, а само 8,4% имаат примено и трета доза.

–Вакцините се од огромна важност во нашата историја, а особено во последните години заради пандемијата. Тие нè штитат како поединци и ни помагаат да се заштитиме едни со други како припадници на глобалната заедница. Европската недела на имунизација, годинава, се одбележува под мотото „Долг живот за сите”, има за цел да истакне колку е важен правичниот и поширок пристап до вакцини, со што ќе се придонесе кон долг и здрав живот за секого, изјави д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

Истражување: Стравови постојат, но настанале поради дезинфомациите за вакцините

За заштита на децата и спречување епидемии, од суштинска важност е да му се обезбеди на секое дете, кое испуштило некоја предвидена вакцинација лесен пристап до истата за да може да ги прими потребните дози.

–Благодарение на високите стапки на вакцинација во минатото, денешните родители имаа среќа да пораснат без да видат како членови на семејството или пријатели умираат или страдаат од доживотен инвалидитет од болести како мали сипаници или детска парализа. Иронично, ова е една од причините зошто некои веруваат дека болестите што може да се спречат со вакцини повеќе не се закана. Апелираме до родителите и негувателите: Обезбедете им ја на вашите деца заштитата што ви ја обезбедиле вашите родители во минатото, изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија