
Веќе има значителен недостиг на млеко во продавниците низ Босна и Херцеговина, а како што дознава Klix.ba наскоро би можело да дојде до големо зголемување на цените и празни полици. Многумина сега ја споредуваат состојбата со млекото со онаа што се случи со маслото пред неколку месеци.

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash
Производството на млеко во Босна и Херцеговина е значително намалено. Во првите шест месеци од годинава се произведени околу 12,5 милиони литри помалку од истиот период лани. Од нив околу 7,7 милиони литри се во Федерацијата БиХ, а останатите во Република Српска. Голем проблем е и неможноста за увоз на млеко од Европа.
Производството на UHT млеко кое има максимална маржа е намалено, односно неговата цена во продавниците е ограничена. Млекото UHT е висококвалитетно долготрајно млеко и всушност е најбарано со 2,8 проценти млечна маст, која најмногу ја консумираат децата и постарите лица.
Причината за недостигот лежи во поскапувањето на добиточната храна, сушна година, недоволни количини вештачко ѓубриво, а реални проблеми се очекуваат по жетвата која е во тек.
Ѓубривото кое поскапи и до 300 отсто не се користело колку што треба според агротехничките норми и тоа е една од причините за овој голем проблем.
Проблемот со недостигот на млеко не го зафаќа само Балканот туку и цела Европа. Поради сето ова увозот на млеко е невозможен.