
Недостатокот на масло за јадење е проблем во целиот свет. Поради оваа светска криза, познатиот ланец на ресторани, го менува начинот на кој ги подготвува своите пржени компири.
Наместо 100% сончогледово масло за јадење Мекдоналдс воведува и масло од репка. Маслото во кое ќе се пржи познатиот помфрит од Мекдоналдс сега ќе биде мешавина од репка и сончоглед.
Сончогледовото масло ќе сочинува само мал дел од мешавината, велат од Мекдоналдс од Минхен.
Ова е привремена, а не конечна одлука на компанијата, бидејќи цената на масло за јадење, особено во Германија ги помина сите граници.
Од почетокот на војната во Украина, цените на храната во Германија драстично пораснале. Посебно тоа се гледа кај продажбата на зејтин во германските супермаркети.
Во некои продавници цената за еден литар масло за јадење достигнува и до 5 евра за литар.
Во Македонија исто така цените рушат рекорди. Меѓутоа производителите прогнозираат дека цената ќе се стабилизира меѓу 130 и 155 денари. Србија од друга страна воведува нови рестрикции. Ќе извезува ограничени количини на сончогледово масло, житарици и брашно и тоа по повисоки цени. Надлежните уверуваат дека нема проблеми во снабдувањето, во тек е испораката на договорените количини од Србија, а нерафинирано масло се набавува и од Бугарија и Романија но, по повисоки цени.
Министерот за економија уверуваше дека најдоцна до денес рафтовите во маркетите повторно ќе бидат полни со масло за јадење. Апелира граѓаните да не прават залихи.