ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.12.2021
Нема дополнителни рестрикции за претстојните празници
Автор: Goce Author

Бројот на заболени од Корона вирусот е под 5.000 со што се очекува да не се воведат нови мерки за новогодишните и божиќните празници.

Од Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, најмногу од новорегистрираните лица 120 – се од Скопје, па Битола со 25 заразени, Охрид со 20 заразени, Куманово и Кавадарци по 11 заразени во последните 24 часа.

Детектиран е и првиот случај на Омикрон во Македонија кај човек кој допатувал од Велика Британија.


67% од новите случаи и 85% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани


Во Грција, слична ситуација како кај нас. Без карантин и полициски час, граѓаните ќе може да ги слават празниците.


Меѓу 79% и 81% од хоспитализираните се невакцинирани


Лекарите апелираат до граѓаните да се чуваат, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да избегнуваат затворени простории и секако да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот излез од пандемијата.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?