
Компанијата „Neuralink“ за прв пат успешно вгради еден од своите безжични чипови во човек. Крајната цел е да им се помогне на луѓето со сложени невролошки состојби.

Фото: Neuroscience News
Информацијата ја објави сопственикот на компанијата Илон Маск, кој додаде дека пациентот успешно закрепнува, како и дека се откриени „ветувачки“ нервни импулси.
„Неуралинк“ минатата година доби дозвола од американската Администрација за храна и лекови за вградување чипови, а крајната цел, според компанијата, е да им помогне на луѓето да се справат со сложените невролошки состојби.
Пред да ја добие лиценцата, „Neuralink“ го тестираше и развиваше чипот шест години.
Компанијата вели дека нејзиниот експериментален имплант, кој се напојува со батерија и може да се полни безжично, ги снима и пренесува мозочните сигнали безжично до апликација која декодира каде сака да се движи човекот.
The first @Neuralink product is called Telepathy
— Elon Musk (@elonmusk) January 29, 2024
Маск на социјалната мрежа Икс откри дека првиот производ на „Неуралинк“ ќе се вика „телепатија“.
„Телепатијата“, како што наведе, ќе овозможи да се контролира телефон или компјутер, а преку нив да се контролира и кој било друг уред, само преку мисла.
„Првите корисници ќе бидат оние кои ја изгубиле способноста да ги користат своите екстремитети“, рече Маск.