
Развојот на современите медицински технологии придонесува кон унапредување на нови методи насочени кон следење, разбирање и регулирање на мозочната активност. Neurofeedback терапијата зазема значително место во современата медицина, од аспект што придонесува за развивање на подобра саморегулација, концентрација и когнитивно функционирање кај луѓето.

„Neurofeedback е неинвазивна, невромодулаторна метода која му помага на мозокот преку систем на повратни информации (фидбек) да ја саморегулира својата електрична активност. Кај младите наоѓа огромна примена при подобрување на фокусот, регулирање на емоциите, намалување на хиперактивноста, справување со анксиозност, депресијата, панични напади ,како и при подобрување на квалитетот на спиењето и зголемување на самодовербата. Терапијата е апсолутно безбедна и безболна, па затоа може да ја користат деца, тинејџери, студенти, но и возрасни лица кои сакаат да ја оптимизираат својата мозочна функција.“, вели Весна Илова Ташева, основач на Неурофидбек терапијата во Штип.
За разлика од традиционалните терапевтски пристапи, неурофидбек терапија се издвојува преку непосредно следење на активноста на мозокот во вид на сесии.
„Сесијата започнува со поставување на електроди на главата на клиентот, кои ги регистрираат мозочните бранови (сензорите само читаат, односно не емитуваат никаква струја). Клиентот седи во удобна фотелја и гледа филм, слуша музика . Начинот на кој реагира мозокот додека клиентот ја следи содржината на екранот, кај мене на екран излегува моменталната состојба на функционирање на мозокот и со помош на одредена фрекфенција се детектира се што е грешка, се што е неисправно, сите тие мозочни бранови со помош на одредена фрекфенција се обработуват, се прават во исправна форма и како исправни се враќаат во главата на клиентот. Преку овој постојан фидбек, мозокот интуитивно учи како да ги коригира сопствените шеми на работа.“, вели Илова Ташева.
Kогнитивно-бихејвиорална терапија – ефикасен третман против депресија
За времетраење на испитната сесија, повеќето од студентите се изложени на хроничен умор и стрес, што може да придонесе до намалување на концентрацијата, но неурофидбек терапијата придонесува кон смирување на нервниот систем.
„Оваа метода директно делува на Централниот Нервен Систем со тоа што го тренира мозокот да премине од состојба на прекумерна возбуденост во состојба на релаксирана будност (од бета во алфа/тета опсег). Со текот на сесиите, нервниот систем го стекнува таканаречениот „невронален пластицитет“ — учи подобро да се смирува, да не реагира импулсивно на стресогени фактори и да го намали нивото на кортизол и адреналин.“, вели Илова Ташева.

Весна Илова Ташева
Иако терапијата е наменета за секоја возрасна група и наоѓа примена во третманот на повеќе состојби, сепак во досегашната практика на Илова Ташева најмногу посетеност имаат од родители на деца со ADHD.
„Полза имаат сите возрасти, но во нашата секојдневна пракса во Македонија најчесто се обраќаат родители на деца со ADHD/ADD, тешкотии во учењето, говорни застои, пелтечење, анксиозност или нарушувања во однесувањето, се почесто имаме клиенти со нарушена самодоверба. Веднаш зад нив се младите и возрасните професионалци кои се борат со хроничен стрес, панични напади, ОСД, несоница и ментална исцрпеност од брзиот начин на живот.“, вели Илова Ташева.
„Еден од најистакнатите случаи е дете со изразена хиперактивност и сериозен дефицит на внимание, кое имаше големи потешкотии да го следи училишниот материјал и брзо влегуваше во фрустрација. По циклус од околу 20 до 40 сесии, не само што се стабилизира неговиот фокус и се подобри успехот во училиште, туку значително се смирија емоционалните избувнувања и се подобри квалитетот на спиењето, што донесе огромно олеснување за целото семејство.“, вели Илова Ташева.