
Бостон Селтикс во финалето на НБА влегува со играчи кои досега не играле ниту едно финале! Ова е невројатен податок пред почетокот на финалната серија, во која пак Голден Стејт влегува со играчи кои заедно имаат вкупно 123 НБА финални натпревари.

Фото: FadewayWorld
Кошаркарите на Голден Стејт имаат многу поголемо искуство во финалињата во НБА, за разлика од играчите на Бостон Селтикс.
Овие два тима ќе се сретнат во големото финале, а една информација звучи малку неверојатно.
Имено, играчите кои во моментов ги бранат боите на Голден Стејт Вориорс имаат вкупно 123 одиграни натпревари во големото финале.
За разлика од играчите на Вориорс, во Бостон не можат да се пофалам со тоа.
Никој во Бостон Селтикс досега не играл во НБА финалиња!

За Вориорс ова е шесто финале во последните осум години. додека Селтикси за прв пат од 2010 година ќе имаат можност да освојат трофеј кој го носи името на Лери О’Брајан.
Кошаркарот на Бостон, Ал Хорфорд одигра дури 141 плејоф натпревар во кариерата пред да се пласира во финалето.
Хорфорд затоа чека бонус од пет милиони долари, а ако Бостон ја освои титулата, на неговата сметка ќе легнат дополнителни седум милиони!
Кај Вориорс, Андре Игуадала одигра најмногу натпревари во големото финале – 32.
Веднаш по МВП на финалето од 2015 година е Стеф Кари со 28 одиграни натпревари во големото финале.
Зад него со натпревар помалку се Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.
Финалната серија во НБА започнува во петок наутро (четврток спроти петок) во 3 часот, домакин е Голден Стејт во Chase center во Сан Франциско.