ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.01.2023
Никој не може да го „спаси светот“, но секој може да го промени

Секојдневно гледаме цунами од проблеми со кои се соочуваат луѓето и некако сите очекуваме дека светот еден ден некој ќе го спаси. Доколку животот беше филм од Марвел, тогаш некој суперхерој ќе се симнеше од некоја зграда или ќе долеташе од некаде, па сите проблеми ќе исчезнеа. Но, ако се вратиме во реалноста, само ние самите може да го промениме светот.

Image by jcomp on Freepik

Од мали нозе не’ учат на причини и последици. Тоа е всушност она со кое живееме секојдневно, причина и последица. Секое наше дејствување и секоја наша одлука ќе донесе некаква последица во иднина. За да се напиеме вода, треба да ја пуштиме чешмата за да протече вода од неа, а за тоа да се случи постои еден цел систем кој што е поврзан за да може да бидат нашите потреби остварени. Доколку не протече вода се јавува проблем и тогаш можеби и сме немоќни да го решиме.  Но, нели постојат дејствија кои може да ги направиме за проблемот да се реши. Можеби нема вода од причина што пукнала некоја цевка надвор. Тогаш наместо да се нервираме може да се јавиме до надлежните.

Живееме во планета која што е суштински поврзана. Секој од нас, без разлика колку е голема или мала нашата сфера на влијание, има влијание врз светот околу нас. Сè што користиме и правиме има потенцијал ненамерно да предизвика негативно влијание или намерно да има позитивно влијание. Затоа да се биде опремен со алатки за промена на системите е толку многу важно. Како што рековме погоре, за жал, суперхероите не постојат.

Нашите животи секојдневно претрпуваат промени, а дел од нив и ги прославуваме на посебен начин. Како на пример родендените.

Промената и секојдневното растење е дел од процесот наречен живот кој што не можеме да го промениме. Со промена на времето ги чувствуваме и промените кај самите себе. Косата ја менува својата боја, времето станува ладно или топло во зависност од годишното време, животните желби ни се менуваат, како мали сакавме да бидеме лекари, но денеска работиме нешто многу поразлично од нашиот детски сон…


Ги знаете ли Генерациите З и Алфа?


Промената е единствена константност во животот, рекол Хераклит. Сите ние постојано се менуваме, а светот со кој комуницираме пак, не’ менува нас. Секој човек е различен и секој поинаку го дожувува денот денеска. Секој на различен начин се пронаоѓа во работите што го прават среќен. Можеби тебе те прави среќен тоа што денеска си успеал да заштедиш пари за одморот на лето, мене ме прави среќна тоа што успеав да го сменам мојот начин на исхрана… Толку различни, а сепак сите влијаеме за промена на светот во кој што живееме. Ние сите сме во некаква независна врска со системи и скриени процеси за кои и многу често немаме ни знаење дека постојат, а сите заедно функцинираме и го менуваме секојдневието.

Промената е тешка…

Промената е тешка или тоа е само изговор да не излеземе од нашата конфортна зона? Не можеме нешто да промениме, ако не знаеме што сакаме да промениме. Промената лежи во секој од нас. Ако секој од нас денеска направи барем едно добро дело, веројатно сите лоши вести кои секојдневно ги слушаме ќе бидат многу намалени нели? Развивањето здраво критичко размислување, рефлексивноста, системскиот начин на размислување и ставот кој сака да докаже дека проблемите можеме барем да ги поедноставиме со секојдневни промени на подобро е она што може да го промени светот. Всушност на крајот од се сфаќаме дека суперхероите можеби не постојат, ама секој од нас е херој на некој свој начин. 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија