
Ви пренесуваме Есеј насловен „Задачата на светот за време на војната“ од познатиот светски историчар ЈУВАЛ НОА ХАРАРИ. Есејот е објавен во магазинот Тајм и фрла интересна перспектива на тоа што светот треба да направи во врска со војната меѓу Израел и Хамас.

Јувал Ноа Харари
Авив Куц, жител на Кибуц (н.з. еврејска заедница во Израел), Кфар Аза, беше пријател од детството на еден мој многу близок пријател. Авив и неговата сопруга Ливнат и нивните три деца со години живеат во Кфар Аза. Иако семејството Куц претрпе многу ракетни и минофрлачки напади на Хамас врз нивниот Кибуц (вид еврејска населба во Израел), родителите и децата продолжија да се надеваат на мир. Секоја година семејството Куц организираше фестивал на летање змејови, со цел да се создаде мал мирен простор во воената зона. Шарени змејови што прикажуваа пораки за мир беа летани во близина на граничната ограда со Газа. Сестрата на Ливант, која учествуваше на фестивалот претходните години, рече дека „идејата е да се летаат змејовите во близина на оградата, да се покаже на Газа дека сакаме само да живееме во мир“. Овогодинешниот фестивал на змејови беше планиран за 7 октомври. Неколку часа пред да започне, терористите на Хамас го нападнаа и го окупираа Кубицот. Сите пет членови на семејството Куц беа заклани. Умот се свртува од такви ѕверства. Зошто луѓето прават такви работи? Што се надеваше да постигне Хамас? За разлика од конвенционалната војна која има за цел да заземе територија, тероризмот на Хамас е форма на психолошка војна која има за цел да шири терор и да сее семе на омраза во главите на милиони Израелци, Палестинци и други луѓе ширум светот.
Хамас се разликува од другите палестински мали организации како ПЛО, и не треба да се поистоветува со целиот палестински народ. Од своето основање, Хамас категорично одбива да го признае правото на Израел да постои и прави се што е во негова моќ за да ја уништи секоја шанса за мир меѓу Израелците и Палестинците и меѓу Израел и арапскиот свет. Непосредна позадина на тековниот циклус на насилство се мировните договори потпишани меѓу Израел и неколку земји од Персискиот залив, и можниот мировен договор меѓу Израел и Саудиска Арабија. Овој договор се очекуваше не само да ги нормализира односите меѓу Израел и поголемиот дел од Арапскиот свет, но и донекаде да се олесни страдањето на милиони Палестинци кои живеат под Израелска окупација и да се рестартира израелско – палестинскиот мировен процес. Ништо повеќе не му пречи на Хамас од можноста за мир. Ова е причината зошто го започна својот напад – и затоа го уби семејството Куц и повеќе од илјада други израелски цивили. Она што го направи Хамас е злосторство против човештвото во најдлабока смисла на зборот. Злосторство против човештвото не е само убивање луѓе. Станува збор за уништување на нашата доверба во човештвото.
Злосторствата на ХАМАС НЕ МОЖАТ да се оправдаат преку фрлање вина за минатите израелски злодела. Две погрешни лоши работи не прават добра работа. Има толку многу работи за да се критикува Израел. За држењето на милиони Палестинци со децении под окупација, и за тоа дека во последните години го прекина секој обид да се постигне мир. Сепак убиството на семејството Куц и на многу други ѕверства извршени од страна Хамас не и беше целта да го рестартира мировниот процес, ниту пак веројатно да стави крај на окупацијата. Наместо тоа, нападот на Хамас започна процес на невидено страдање на милиони Палестинци.
Во својата војна против Хамас, Израел има должност да ја брани својата територија и своите граѓани, но мора и да ја брани својата човечност. Палестинските цивили заслужуваат да уживаат во мир и просперитет во својата татковина, па дури и среде конфликт, нивните основни човекови права треба да бидат признати од сите страни. Ова не се однесува само на Израел, туку и на Египет, кој дели граница со Појасот Газа и кој речиси ја запечати таа граница. Што се однесува до Хамас, тие и неговите поддржувачи треба да бидат екскомуницирани од страна човештвото. Целите на војната во Газа треба да бидат јасни. Хамас треба целосно да се разоружи и појасот Газа да се демилитаризира, за да може палестинските цивили да живеат достоинствен живот во него, а израелските цивили да живеат без страв покрај него. Сè додека не се постигнат овие цели, борбата да се одржи хуманоста ќе биде тешка. Повеќето Израелци во овој момент психолошки не се во можност да сочувствуваат со Палестинците. Умот до крај е исполнет со нивната сопствена болка и не останува простор дури и да се признае болката на другите. Многу од луѓето кои се обидоа да направат таков простор, како семејството Куц, се мртви или длабоко трауматизирани. Повеќето Палестинци се во сосема иста ситуација. Нивните умови се полни со болка, што не останува простор да се види болката на другите.
Но, луѓето надвор од оваа ситуација, кои не се полни со болка, треба да се потрудат да сочувствуваат со сите луѓе кои страдаат, наместо мрзеливо да гледаат само дел од ужасната реалност. Работа на луѓето од надвор е да помогнат во одржувањето на просторот за мир. Луѓето од внатре го даваат тој простор за мир кај луѓето надвор, бидејќи не можат да го задржат во моментов. Добро грижете се за нас, за еден ден, кога болката ќе почне да заздравува, и Израелците и Палестинците да го населат тој простор.
Ноа Харари е историчар, философ и автор на најпродаваните книги „Хомо Деус“, „Сапиенс“ и „Незапирливите“.