
Бизарните сквернавења на уметнички дела зачестија – нова цел на „напад“ на уметноста беа две слики во музејот во Хаг, од страна на активисти за климатски промени.

Активист за климатски промени ја залепи главата за познатата слика „Девојка со бисерна обетка“ во музејот во Хаг во четвртокот, но ремек-делото не е оштетено, соопштија вработените во музејот.
Друг активист ја залепил раката со селотејп за ѕидот до слика на холандскиот мајстор Јоханес Вермер од 1665 година и фрлил непозната супстанца врз неа, објави музејот Мауритшуис.
На видеото на социјалните мрежи се гледаат двајца мажи покрај познатиот портрет, облечени во маици на кои пишува „Само стоп масло“.
“Полицијата доби дојава и фати три лица. Состојбата на сликата ја анализира нашиот реставратор. За среќа, ремек-делото е заштитено со стакло и не е оштетено”, велат од музејот.
Активисти за климатски промени и за други области се почесто преку сквернавење на уметноста се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста за нивните ставови.
NOW – Attack on Johannes Vermeer's famed "Girl with a Pearl Earring" painting at a museum in The Hague.pic.twitter.com/N9OgTEnYvb
— Disclose.tv (@disclosetv) October 27, 2022