ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.12.2022
Новата година стигна со спектакуларни огномети во Австралија и Нов Зеланд
Автор: Goce Author

Новата година секогаш меѓу првите ја дочекуваат жителите на Австралија и Нов Зеланд, а традиционално е проследена со спектакуларни огномети.

Така беше и на преминот од 2022 до 2023 година, но сенка на спектаклот фрли инцидентот, кога толпата сакала да дојде до позиции од кои поубаво се гледа огнометот.

Застрашувачка толпа ја прекинала новогодишната прослава во Сиднеј откако стотици луѓе биле заглавени обидувајќи се да поминат низ оградите, во делот со билети, каде што има подобар поглед на новогодишниот огномет.

„Луѓето ме газеа, додека бев на земја со уште десетина други, а некои трчаа преку мене, Изгубив рамнотежа кога бев турнат на земја и паднав на други двајца“, вели еден од Австралијанците.

На крај е повикан Одредот за јавен ред и мереди на полицијата на Нов Јужен Велс за да преземе контрола над ситуацијата.

Еве како изгледаа огнометите за Новата година во Сиднеј и Оукленд.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија