
Академија за кинематографски уметности соопштила дека ќе има нови правила на француските Оскари, односно секој кој што има потенцијална затворска казна за сексуално насилство и силување нема да може да присуствува на церемонијата. Настанот ќе се оддржи следниот месец.

Photo by: lemonde.fr
Ваквото правило ќе важи за сите, па актерот Софијан Бенасе кој е исто така под истрага поради обвинувања за силување нема да биде дел од церемонијата. Актерот се сметаше за фаворит за награди за неговата улога во Les Amandiers. Тој ги отфрлил сите обвинувања, а режисерката Валери Бруни Тедески изјавила дека Бенасе бил жртва на „медиумски линч“.
Гинеколог злоставувал жени – UCLA ќе им плати 250 милиони долари
„Одлучено е да не се истакнуваат луѓе кои можеби биле доведени во прашање од судството за акти на насилство“, се вели во соопштението од Академијата, додавајќи дека чекорот е направен „од почит кон жртвите“, дури и ако тие биле само „претпоставени“ жртви.
Академијата Цезар соопштила и дека сè уште се дебатира дали на лицата со обвинувања и осуди за сексуално недолично однесување треба целосно да им се забранат идните номинации и награди, а одлуката треба да се донесе во наредните недели.