ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.08.2022
Нуклеарната централа во Запорожје го загрижува светот – се заканува ли нова нулеарна катастрофа?
Автор: Goce Author

Русија и Украина се обвинуваат за нападот на нуклеарната централа во Запорожје, а на интернет се споделуваат видеа во кои загрижени граѓани предупредуваат за можна катастрофа.

На видеата се гледа облак од чад, кој според очевидците, доаѓа од централата.

„Ројтерс“ пренесува дека генералниот секретар на ОН, Антониот Гутераш, поради тоа предложил електраната во Запорожје да прогласи дел од подрачјето околу себе како демилитаризирана зона.

Енергоатом, украинската агенција која управува со четири нуклеарни електрани во земјата, соопштила дека во четвртокот нуклеарната електрана Запорожје била нападната пет пати и дека некои од ракетите паднале во близина на просториите во кои се чува радиоактивен отпад.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија