ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.04.2023
Обединетото кралство го казни Тик Ток со 12,7 милиони фунти
Автор: Goce Author

Обединетото кралство ја казни кинеската социјална мрежа Тик-Ток со 12,7 милиони фунти затоа што не ја заштитила приватноста на децата, јавува Би-Би-Си.

Управата за заштита на податоците на Обединетото Кралство процени дека TikTok дозволил околу 1,4 милиони лица под 13 години во ОК да ја користат платформата TikTok во 2020 година. Британските власти тврдат дека Тик-ток не ја штити безбедноста на децата.
Популарната апликација за споделување кратки видео ги користела податоците на децата на таа возраст без согласност од родителите, покажа истрагата на Канцеларијата на Комесарот за информации (ICO).
Од друга страна, „Тик-Ток“ нагласува дека „направени се големи напори“ да се спречи пристапот до таа мрежа на лица помлади од 13 години.
ICO тврди дека многумина можеле да пристапат до мрежата и покрај минималната возраст.

Малолетниците ќе можат да користат ТикТок само еден час дневно

Беше оценето дека податоците на децата кои ја користеле мрежата можеби биле користени за нивно следење и профилирање и дека постои можност тие да се „претставени со штетна или несоодветна содржина“, наведува Би-би-си.
„Постојат закони за да се осигури дека децата се безбедни во дигиталниот свет како што се во физичкиот свет. Тик-Ток не ги почитуваше тие закони“, рече комесарот за информации Џон Едвардс.

Обединетото кралство смета дека на над милион деца се користени личните податоци

Како резултат на затајувањето на тие закони, се проценува дека повеќе од еден милион деца под 13-годишна возраст добиле несоодветен пристап до платформата. При тоа TikTok ги собира и ги користи нивните лични податоци.

Image by Freepik

Едвардс изјави за Би-Би-Си дека ТикТок „не презел никакви чекори“ за да добие согласност од родителите.

Портпаролот на TikTok изјави за јавниот сервис на Обединетото Кралство дека безбедносниот тим на компанијата од 40.000 лица „работи деноноќно за да помогне платформата да биде безбедна за заедницата“.
„Иако не се согласуваме со одлуката на МЦК, која го опфаќа периодот од мај 2018 до јули 2020 година, задоволни сме што објавената казна е намалена на половина од износот што беше предложен минатата година. Ќе продолжиме да ја разгледуваме одлуката и нашите следни чекори“ додаде тој.
Претходно Тик Ток доби„известување за намери“ , што значи дека кинеската компанија може да се соочи со казни до 27 милиони фунти.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија