ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.04.2026
„Очи на Шопов“ започнува денес во Штип со културно-едукативни активности за млади

Културно-едукативната манифестација „Очи на Шопов“ и годинава ќе се одржи во Штип, со активности предвидени на повеќе локации во градот, меѓу кои образовни институции и културни објекти.

Screenshot

Настанот е посветен на македонскиот поет Ацо Шопов и има за цел да ја доближи поезијата до младите преку современ и интерактивен пристап. Манифестацијата традиционално се реализира со учество на ученици, студенти и млади автори, во соработка со училишта и културни установи од Штип.

Програмата опфаќа поетски читања, рецитаторски настапи, литературни и ораторски активности, како и креативни и ликовни работилници. Дел од содржините се организираат и во форма на натпревари, со што се овозможува активно учество и натпреварувачки дух кај младата публика.

Во рамки на финалната вечер е предвиден и концерт на „Академија Еуро Арт“, со што ќе биде заокружена овогодинешната манифестација.

Според организаторите, „Очи на Шопов“ се одржува со цел афирмација на книжевното наследство на Ацо Шопов и поттикнување интерес за поезијата кај новите генерации, како и развој на креативното и критичкото изразување.

Манифестацијата претставува дел од културниот календар на Штип и е препознаена како настан што ја поврзува образовната и културната сцена во градот.

Почнува вториот уписен рок во средните училишта: Слободни се 11.882 места
Студентите ќе вежбаат интервенции, хируршко шиење и ургентна медицина: Што носи јубилејната ЕМСА школа во Охрид?