ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.11.2023
Од сега можете да барате работа на X (Twitter)
Автор: Goce Author

Сега е достапна алатка за барање работа слична на LinkedIn, со која X експериментираше претходно.Бета верзија на функцијата започна во август за проверени корисници.Веб-верзија сега е достапна за секој што ја користи платформата X.

Компанијата „наскоро“ најавува достапност за платформите iOS и Android.Се чини дека функцијата за барање работа веќе е пополнета со отворени позиции во различни технолошки компании, вклучувајќи ги и оние предводени од Илон Маск.Позициите се наведени за компании како SpaceX, Tesla, Neuralink, X и најновиот стартап на Маск, X.ai.

Илон Маск претходно вети дека ќе создаде конкурент на LinkedIn. Тоа во моментов изгледа многу реално.Корисниците можат да бараат огласи за работа и да читаат описи на работни места.Меѓутоа, кога ќе сакаат да аплицираат, ќе бидат пренасочени на веб-страници на трети лица, дури и ако се пријавуваат за работа во самата компанија X.

Се споменува и тестирање на опцијата „работна картичка“. На тој начин поединечните реклами полесно ќе се споделуваат на платформата.Има знаци дека платформата има поамбициозни планови за својата „апликација за секого“.

Вештачка интелигенција во новинарството

Платформата неодамна ја ажурираше својата политика за приватност. Оваа промена на политиката за приватност ѝ овозможува на платформата да собира информации за работното искуство на корисникот за да ги користи тие податоци за препораки за работа.Сето ова сугерира дека платформата развива понапредни функции и алатки за барање работа во иднина.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта

Автор: Филип Здравев

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија