ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.12.2021
Омикрон ќе стави крај на пандемијата?
Автор: Goce Author

Независно колку ќе биде сурова оваа нова варијанта на вирусот, желбата да се стави населението во карантин и други масовни општествени интервенции едноставно веќе не постои.

„Се има чувство како сите што ги знам да имаат ковид,“ пишува професорот на Џонс Хопкинс Универзитетот, Јаша Моунк.

Тој објаснува како во првите бранови на пандемијата најголем дел од неговите пријатели како да биле поштедени од директен контакт со вирусот. Или затоа што биле попретпазливи или затоа што повеќе имале среќа. Пред некое време седум негови блиски пријатели му кажуваат дека се позитивни на ковид, а уште неколку сметаат дека се позитивни ама не можат да најдат тестови. Доброто во сето ова е што сите имаат умерени симптоми.

Тоа што се случува со неговите пријатели, Моунк гледа дека е идентично со она што се случува во Јужна Африка, од каде потекнува омикрон варијанта – бројот на нови заболени скокна, ама бројот на починати од вирусот „многу, многу поспоро расте“.

„Може да имаме неколку месеци релативно млака болест пред омикрон да го снема. Или може да преживееме уште еден експоненцијален скок на хоспитализации и смртни случаи.

А сепак се кладам кој пат и да го фати омикрон – или идните варијанти на болеста – ние сме пред крајот на пандемијата како општествен феномен,“ порачува Моунк.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија