
Анимираниот филм „Бисер“ на Меган Маркл е откажан од страна на Нетфликс. Ова преставува удар врз нејзината продукциска куќа „Archewell“ која ја основа во 2020 година со сопругот, принцот Хари.

Творецот на анимираниот филм „Бисер“ кој требало да ја прикаже фантазијата и историјата низ авантура на 12 годишно девојче во секојдевните животни предизвици, е самата Меган. Откажувањето е дел од стратешките одлуки на Нетфликс за анимираните серии, изјавија од компанијата за CNBC.
И ова откажување не се однесува само на филмот на Меган, туку во изминатиов период компанијата Нетфликс која трпи сериозни загуби, го направи истото и со низа други анимирани проекти кои не ги испочитувале роковите и кои се сеуште во рана продукциска фаза. Се чини дека Меган не успеала да го заврши својот проект скоро две години.

Во последниот квартал, компанијата го пријави својот прв пад на корисници претплатници по повеќе од една деценија и предупреди на претстојните проблеми. Финансискиот директор на Нетфликс, Спенсер Нојман, рече дека компанијата „повлекува“ дел од своите трошоци за филмови и ТВ-серии за да помогне во растот на приходите.