
Дехидрацијата може да влијае на различни системи на телото бидејќи водата е неопходна за оптимално функционирање.
Очигледно е дека оваа сезона не очекуваат високи температури и неподносливи горештини. Од една страна ова може да значи незаборавно лето, но од друга страна го зголемува ризикот од дехидрација.
Кога температурата и влажноста се високи надвор, нашето тело губи вода преку кожата, белите дробови, бубрезите и дигестивниот систем. Дехидрација се јавува кога загубата на течност е поголема од внесувањето.

Photo by Luis Tosta on Unsplash
Еве ги симптомите кои може да укажуваат на дехидрација:
Намалениот волумен на крв поради губење течност може да предизвика слабост или вртоглавица, објаснува Кели Џонс, спортски диететичар. Губењето на електролити и шеќер во крвта за време на потењето исто така може да придонесе за овие симптоми.
Дехидрацијата може да го влоши запекот. Хроничната дехидрација може да предизвика трајни проблеми со запек.
Чувството на жед е сигнал дека веќе сте дехидрирани. Препорачливо е да се хидрирате пред да почувствувате жед, особено ако имате над 65 години.
Недостатокот на вода предизвикува потемна, поконцентрирана урина.
Недостатокот на течности може да ги зголеми чувствата на анксиозност и негативност.
Дехидрацијата може да ја намали способноста на телото да се поти, што го отежнува регулирањето на температурата.
Дехидрацијата може да влијае на когнитивните функции, што може да доведе до пад на концентрацијата и координацијата.