ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.04.2022
Овие продукти поскапеа најмногу, а нивната цена и натаму ќе расне
Автор: Goce Author

Американското министерство за земјоделство (USDA) објави прогноза за цената на храната во 2022 година и откри дека многу продукти поскапеа, а дека во периодот кој следува нивната цена ќе оди уште погоре.

Photo by Tara Clark on Unsplash

После руската инвазија на Украина, САД и поголем дел од земјите од Западна Европа воведоа санкции кон Русија со што се загрози испораката на руското ѓубриво, а тоа ќе резултира со повисоки цени на земјоделските производи насекаде во светот.

Според статистиката цената на храната во февруари 2022 била 7.9% повисока од онаа минатата година, а како примарна причина се наведува инвазијата на Русија во Украина, пишува Бизнис Инсајдер.

Бензинските пумпи во Германија нудат електрични автомобили

Дури и пред руската инвазија цените на земјоделските производи секоја година растеа поради климатските промени. Овој глобален феномен влијае на приносот од земјоделието и снабдувањето со храна во светот.

Промената на температурите, кои се резултат на климатските промени, влијаат не само на земјоделските производи, туку и на рибата на пример. Количините на јастог во океаните се намалува како резултат на растот на температурата на водата, а тоа резултира со помали количини на пазарите, кои придонесуваат за повисоки цени за потрошувачите.

Научниците постојано предупредуваат дека е потребно драстично да се намали емисијата на штетни гасови, додека не е предоцна.

Поради промените на климата и руската инвазија ова се продуктите кои се продаваат многу поскапо, а чија цена веројатно е дека ќе продолжи да расте:

  • Масти и масла: поскапи за 6 – 7%
  • Свежо овошје: поскапо за 5 – 6%
  • Свеж зеленчук: поскап за 1 – 2%
  • Преработено овошје и зеленчук: поскапо за 4,5 – 5,5%
  • Шеќер и слатки: 3 – 4%
  • Житарици и пекарски продукти: 3 – 4%
  • Безалкохолни пијалаци: 3,5 – 4,5%
Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија