ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.09.2022
Падна снег на Балканот – температурата се спушти до -4 степени
Автор: Goce Author

Првиот снег е регистриран на Балканот во ова време од годината. Камерите на словенечката метеоролошка служба снимиле дека на планинскиот врв Кредарица, на северозападот на Словенија, паднало големо количество снег.

Како што може да се види на видеото на meteo.si, температурата се спуштила до -4 степени, поради што снегот останал на земја. Кредарица се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.

Фото: Meteo.si

Потсетуваме, изминатите денови во регионот беше забележано нестабилно време, со големи количини на врнежи, што доведе до нагло опаѓање на температурите на воздухот.

Над нашиот регион се мешаат студен воздух од север и топол влажен воздух од Средоземното Море, што придонесува за создавање нестабилност и обилни врнежи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија