
Со парцели од 200 и 500 метри квадратни, но и со пари ќе бидат наградени фудбалерите на Сенегал, кои првпат го освоија Африканскиот куп на нации.

Фото: The Africa report
Навивачите на Сенегал им приредија топло добредојде на фудбалерите по освојувањето на трофејот на Африканскиот куп на нации, а наскоро ќе следуваат и награди.
Автобусот со Садио Мане и пријателите беше опкружен со илјадници навивачи, а полицијата имаше голема работа во обидот мирно да помине низ се.
Потврдено е дека фудбалерите ќе бидат наградени од државата за освоеното прво место. Најавено е дека секој ќе добие по 76.000 евра и парцели од 200 и 500 метри квадратни во околината на Дакар и Диамниадио. Претседателот на Сенегал, Маки Сал ги одликуваше со Националниот орден на лавот. Херојот на тимот Садио Мане ги пофали колегите, по промашениот пенал. „Кога го промашив првиот пенал, тоа беше удар за мене. Сепак, моите пријатели дојдоа и ми рекоа: „Засадени, заедно губиме и заедно победуваме. Ве знаеме. Веќе направи премногу за нас, задржи Тоа ме засили и „Ми помогна да постигнам гол од вториот пенал. Тие рекоа дека веруваат во мене и тоа ми даде мотив. Овој трофеј му припаѓа на целиот тим на Сенегал, сите го заслуживме“, рече Мане.
Репрезентативците na Сенегал во финалето на Африканскиот куп на нации го победија Египет. Во регуларниот тек и по продолженијата беше нерешено, без голови, а поуспешни изведувачи на пенали беа Мане и и неговите соиграчи. Интересно е дека во финалето како противници се најдоа двајцата стандардни играчи на Ливерпул, Мане и Салах, но повеќе среќа имаше играчот на Сенегал.
Фудбалската репрезентација на Сенегал има 16 учества на Африканскиот куп на Нации, првото било во 1965 година. Што се однесува до резултатите, ова им е прва титула, со што разбирлива е радоста на навивачите. Претходно, најблиску до титула биле во 2002 година, кога во финалето по изведување пенали загубиле од Камерун. И тогаш, во регуларниот тек натпреварот завршил без голови, 0:0.