
Париз е подготвен за фудбалскиот спектакл кој што ќе се одржува утре, односно финалниот натпревар во Лигата на шампионите. Главни актери на теренот ќе бидат играчите на Ливерпул и Реал Мадрид.
Автор: Михаил Данев
Како овие 2 клуба стигнаа до финалето?

Фото: Uefa champions league
Кралскиот клуб во осминафиналето играше со ПСЖ и го елиминираше во реваншот на свој терен победувајќи со 3-1 иако на гости загуби со 1-0. Во четвртфиналето се сретна со минатогодишниот освојувач на Лигата на Шампионите, Челзи , каде на гости победи со 3-1, а реваншот беше уште по возбудлив, бидејќи Челзи во регуларните 90 минути ја анулираше предноста на Реал , но во продолженијата Бензема стрелаше за конечни 2-3 и Кралевите се пласираа во полуфиналето.Следен беше Манчестер Сити, во првиот полуфинален натпревар на Етихад гледавме вистинска голеада со победа на домашните од 4-3. Реваншот беше на Сантиаго Бернабеу и траеше 120 минути, откако по 90 минути резултатот беше 2-1.Во продолженијата Бензема повторно стрелаше за конечен резултат од 3-1 и пласман на кралевите во големото финале.

Фото: Uefa champions league
Во осминафиналето Ливерпул се сретна со Интер најпрво на гости победувајќи со 2-0, а потоа во реваншот загуби но само со 1-0 што значеше и пласман во четвртфиналето каде ги очекување дуел со португалската Бенфика. Во првиот натпревар Ливерпул победи со 3-1 на гости, а потоа дома имаше вистинска голеада која заврши 3-3 што значеше и пласман во полуфиналето. Виљареал кој го изненади Баерн Минхен и стигна до полуфиналето беше запрен од Ливерпул кој во првиот натпревар победи со 2-0 , и во реваншот беше поуспешен победувајќи со 3-2 што значеше пласман во финалето на Лигата на Шампионите.
Овие 2 клуба играа финале во лигата на шампионите во 2018, тогаш кралскиот клуб славеше со 3-1.Но сега ситуацијата е поразлична.
Карло Анчелоти во големото финале на располаѓање ќе го има комплетниот тим, односно сите 26 играчи се спремни за големиот натпревар со Ливерпул.
Јирген Клоп исто така нема проблеми со повреди на играчите, во дилема е само за Тиаго Алкантара, дали да го започне натпреварот од првата минута, или да биде замена.

Фото: Uefa champions league
Низ историјата Реал Мадрид од 1956 година има освоено 13 титули во најелитното натпреварување , додека пак Ливерпул има освоено 5 титули. Последен пат Реал беше шампион во 2018, а Ливерпул во 2019.
Спректакулатно финале ќе се одржи во Париз со почеток од 21:00 часот на Стад де Франс.