ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.08.2022
Песочна бура го „голта“ Дубаи
Автор: Goce Author

Големи делови од Обединетите Арапски Емирати викендов беа погодени од песочна бура и властите повикаа на претпазливост на патиштата.

Фото: IQAir

Куќите и бројните знаменитости во поголемите градови беа покриени со слој песок, а видливоста беше намалена.

Официјалната канцеларија за медиуми на Абу Даби ги повика возачите „да избегнуваат возење освен ако е апсолутно неопходно“. Видливоста во Абу Даби и Дубаи за време на песочнаа бура била под еден километар.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Дубаи исчезнува во прашина.

Серија песочни бури, за кои се верува дека се влошени од климатските промени, ги погодија Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија, Иран и други земји оваа година, затворајќи аеродроми и училишта и испратија илјадници во болници со проблеми со дишењето.

Обединетите Арапски Емирати се многу ранливи на глобалното затоплување, според Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, бидејќи температурите растат, врнежите се намалуваат и бурите се зголемуваат, додека зголемувањето на нивото на морето го загрозува неговото ниско крајбрежје.

На следниот твит се гледа како песочна бура го зафаќа Дубаи и познатите архитектонски чуда се губат во прав.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија