
Пејачка Адел планира да ја замени сцената за студии, а тоа им го соопшти на обожавателите на настанот во Лос Анџелес измината недела. За време на објавувањето на новиот албум, обожавателите ги изненадила и со изјавата дека планира да се запише на факултет.

Photo by: mojfaks.dnevnik.hr
„Навистина сакам да добијам диплома по англиска книжевност.“,изјавила на сцената, пишува The Washington Post. Напоменала дека книженоста е нејзината љубов уште од мала.
Минатата година јавно изјавила дека оваа љубов и ја пренел нејзиниот професор Мекдоналд. Тој ја натерал да се заљуби во книгите, а на сцената изјавил дека е многу горд на неа. Во 2025 планира да се запише на англиска книжевност, а пред нејзината сегашна ѕвездена музичка кариера дипломирала на британската уметничка академија Brit School of Performing Arts & Technology.
Минатата година, Адел го издаде својот албум „30“. Емотивно искрен со потресни мелодии, кои продолжија да уриваат рекорди на продажба. Во албумот таа размислува за нејзиниот развод од извршниот директор на британската добротворна организација Сајмон Конецки, со кој го има синот Анџело. Сега е во врска со американскиот спортски агент Рич Пол.
View this post on Instagram
Адел нема да биде првата ѕвезда што ќе се врати на училиште откако ја пронашла славата. Ема Вотсон добила диплома по англиска книжевност на Универзитетот Браун во 2014 година по нејзиниот филмски успех за Хари Потер. Други актери како Натали Портман и Америка Ферера, исто така, се вратија на училиште како познати личности.