ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.04.2022
Планината Кјераг – една поинаква дестинација за авантура
Автор: Goce Author

Ако сте љубители на планинарењето и авантурите, тогаш спакувајте ги куферите и заминете на планината Кјераг, Норвешка. Но не заборавајте да си земете ручек, телефон со полна батерија и многу храброст, бидејќи до оваа туристичка атракција нема водич.

Каменот Кјерагболтен виси меѓу две карпи речиси единаесетстотини метри над Лисефјорден во Норвешка. Датира од 50.000 п.н.е. и уште никој не знае како настанал. Иако до овде може да стигнете без специјална опрема за искачување, сепак само нахрабрите уживаат во панорамската глетка. 

Photo: reddit.com

Како да се стигне?

За да се искачите до овде, се препорачува да сте во одредена спортска состојба. Искачувањето трае од 3 до 5 часа во зависност од темпото, а станува збор за прилично стрмни искачувања. Најдобро време за оваа авантура е кога времето е топло и нема опасност од дожд и лизгање. Патот е отворен само во летните месеци, односно меѓу јуни и септември, а потешките делови од искачувањето се опремени со кабли за помош.

Гоце.мк – Планинарењето лесно влегува под кожа. Еве зошто! – (goce.mk)

Каква глетка ве очекува?

На половина пат ќе може да уживате во погледот на еден од највисоките водопади во Европа, Кјерагфосен. Тука ќе го видите и норвешкиот залив Лисефјорд, кој е еден од најубавите заливи заради неговите необичните камени формации и карпи со прекрасен поглед. 

Што не смеете да заборавите?

Ако сте спремни за оваа несекојдневно патување, тогаш има неколку работи без кои не смеете да тргнете. Бидете сигурни дека вашата облека ќе ве заштити од временските температури. Ставете заштитен фактор и капа за да се заштитите од сонцето. Не заборавајте да понесете со себе ручек или ужина, вода и телефон со полна батерија. И секако многу храброст.

 

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија