
Полска го исфрли од составот за Мундијалот во Катар фудбалерот Мацеј Рибус, поради тоа што потпишал договор со рускиот клуб Спартак од Москва.
Тоа е уште еден случај во кој спортот чувствува дел од последиците на војната во Украина.
Дефанзивецот на полската репрезентација Мацеј Рибус нема да биде член на таа селекција на Мундијалот бидејќи потпиша договор со Спартак Москва.
Десниот бек во тој клуб се пресели пред нешто повеќе од една недела како слободен играч од Локомотива, по што набрзо се огласи и полската федерација.
„Селекторот на полската репрезентација Чеслав Михњевич разговараше со Мацеј Рибус по тренинг кампот на репрезентацијата кој заврши минатата недела. Тој го информираше играчот дека поради моменталната клупска ситуација нема да биде повикан на собир во септември.за Светското првенство во Катар“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, Полска одби да игра против Русија во плеј-офот за Светското првенство поради инвазијата на таа земја во Украина. Досега во Полска побегнале околу 3,5 милиони Украинци.
Во групата Ц на Светското првенство што започнува во ноември, Полска ќе игра со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.