
Автор: Михаил Данев
Полуфиналните средби во НБА лигата се во тек. Вчера се одигра првиот полуфинален натпревар од плеј-офот помеѓу Мајами и Бостон. Во дербито на истокот, Мајами беше поуспешен од Бостон и издвои победа од 118-107, иако гостите на полувреме водеа со 8 поени разлика (54-62).

Photo by: NBA
Најефикасен на теренот беше играчот на Мајами, Џими Батлер кој постигна 41 поени, 9 скокови и 5 асистенци. По него беа Тајлер Хиро кој постигна 18 поени и Винцент кој постигна 17 поени. Од редовите на Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум кој забележа 29 поени,подели 6 асистенции, имаше 8 скокови и 4 украдени топки и Џејлен Браун кој постигна 24 поени и 10 скокови. Арената беше полна со 19.744 гледачи кои го следеа натпреварот.
Вториот натпревар исто така ќе биде одигран во ФТХ Арената во четврток со почеток во 02:30 часот по средноевропско време.
Вечерва ќе започне финалната серија и на западот каде Голден Стејт Вориорс во Сан Францискo ќе го пречека Далас. Натпреварот ќе се одигра во 03:00 часот по средноевропско време во Чејс Центар.