ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.06.2022
Поминете го вашето интервју без стрес – Google со нова алатка
Автор: Goce Author

Без разлика колку и да се спремате за вашето интервју, присуството на стресот е неизбежно. Затоа Google воведе нова алатка која ќе ви помогне да го поминете вашето интервју без стрес и потенцијално ќе ви ги зголеми шансите за вработување. Тоа е алаткa која користи вештачка интелигенција.

Photo by Firmbee.com on Unsplash

Google AI, всушност, ви овозможува да „вежбате“ пред интервју со потенцијален работодавец, поставувајќи ги на корисниците оние прашања кои најчесто ги среќаваат во разговорите. Алатката потоа ги анализира одговорите, кои може да бидат усни или писмени.

Google AI исто така дава совети за аспекти што треба да ги подобрите за да бидете поуспешни. Овде се поставуваат таканаречените општи и конкретни прашања. На пример, општото прашање подразбира дека кажувате нешто за себе. Наспроти тоа, конкретното прашање е поврзано со работата за која аплицирате.

Говорот на телото – трикови за полесна невербална комуникација

 

Исто така, оваа алатка ви нуди опција да „вежбате“ зборување за повеќе работни места. Вештачката интелигенција денес има широка примена,па овде ќе научите кои се соодветни зборови за подобро да се снајдете на интервју.

Сепак приватноста е заштитена.

Она што компанијата го истакнува е дека приватноста на корисниците е зачувана. Ниту една внесена или изговорена информација не се складира или споделува. Системот е дизајниран да не ги чува податоците, а од корисниците бара да ги копираат одговорите што сакаат да ги задржат и да ги зачуваат во посебен документ.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија