ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.02.2022
Поради војната во прашање натпреварите на Русија во баражот за СП

Војната меѓу Русија и Украина во голема мера влијае и на спортот.

На еден месец пред решавачките борби за пласман на Светското фудбалско првенство во Катар, Русија би можела да ја загуби предноста на домашниот терен.

Газпром Арена
Фото: The Stadium Guide

Ждрепката им овозможи на „баќушките“ да ја чекаат Полска во плеј-офот, а во случај на победа пак дома да играат против подобриот од мечот меѓу Шведска и Чешка.

Сепак, трите сојузи рекоа дека нема да играат решавачки судири во Русија во март. Ова го посочуваат во заедничко соопштение.

„Врз основа на засилениот конфликт меѓу Русија и Украина, во однос на безбедносната ситуација, Фудбалските сојузи на Полска, Шведска и Чешка изразуваат цврст став дека нема да се игра бараж на руска територија. Се согласуваме дека нема да патуваме во Русија и играат фудбалски натпревари.“ објавено од Сојузот на Шведска, Полска и Чешка.

Тие посочија дека очекуваат ФИФА и УЕФА веднаш да реагираат и да понудат алтернативно решение.

Ова е нов удар за Русите откако е извесно дека ќе ја загубат организацијата на финалето од Лигата на шампионите, претходно планирано за Санкт Петербург.

Евровизија со или без Русија поради инвазијата на Украина?

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија