
Авторката на легендарниот серијал „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг доби јавни закани од екстремист кој го поддржува Иран, кратко откако таа го осуди нападот врз колегата писател Салман Ружди.
Роулинг, која претходно беше мета на транс-активисти поради нејзините родови убедувања, на Твитер објави дека е ужасната од нападот врз Салман Ружди, по што еден од корисниците на мрежата и упати закани.

Салман Ружди
Инаку писателот Салман Ружди е симнат од респиратор, по операцијата која уследи откако беше нападнат со нож. Неговиот агент Ендрју Вајли ја потврди информацијата и посочи дека писателот може и да зборува.
Човекот кој го нападна се вика Хади Матар и тој на судот се изјаснил за невин. Одредена му е мерка притвор, без можност за ослободување со кауција.
Осомничениот е обвинет дека истрчал на сцената и го прободел Ружди најмалку 10 пати во лицето, вратот и стомакот.
Писателот со години се соочуваше со смртни закани поради неговиот роман „Сатански стихови“, кој некои муслимани го гледаат како богохулие.
Официјален Иран не реагираше за нападот на Ружди, но неколку тврдокорни весници го пофалија напаѓачот.