ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.11.2022
Повик за млади промотери
Автор: Goce Author

Меѓународната студентска недела (ISWiB 2023) која ќе се одржува во Белград, распишува оглас за млади промотери. Фестивалот ќе се одржи во Белград, Србија во јули. Темата за оваа година е Иднината на комуникацијата под слоганот „#ConnectionInEveryDirection“.

Секоја година 10 работилници од различни области за студенти и неодамнешни постдипломци од целиот свет се занимаваат со прашања на денешното општество користејќи различни методи како студија на случај, маркетинг и медиуми, мјузикл и сл. Студентите кои ќе се пријават како промотори ќе бидат директно вклучени во организацијата на најголемиот младински фестивал во Југоисточна Европа во соработка со организациониот тим.

Фестивалот исто така нуди бенефиции што ќе ги разликуваат од редовните учесници, како што се намалена такса за учество, пристап до сите производи на ISWiB, бесплатен пристап до сите обиколки во Белград итн.

Photo by:iswib.org/gallery/

Особено се охрабруваат младите луѓе со попреченост, како и членовите на другите ранливи групи , да се пријават и да учествуваат. Фестивалот ќе биде прилагоден на нив со цел да се промовира важноста на нивната вклученост и поврзаност со младите од Србија и светот.


Елитната француска висока школа Ecole Normale Supérieure – ENS од Лион распишува  конкурс за стипендии


Линкот за апликација е следниот:

https://docs.google.com/forms/u/1/d/1tJ5SWi5a_p3CJSsLGemX8KVRkIJnlX96CBMI0NB0L-s/edit?usp=drive_web

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија