ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.02.2023
Пожарникарите нашле 2 мил. $ во урнатините во Турција
Автор: Goce Author

Пожарникарите пронајдоа торба со речиси два милиони долари под урнатините на една од куќите во Турција, во провинцијата Газиантеп, која ја погоди земјотресот.

Доколку не се најдат сопствениците на парите, парите ќе бидат префрлени во државната каса, јавува Anadolu Agency.

„Нашите луѓе пред се одат да спасат животи, а потоа ги вадат и работите на луѓето кои доживеале несреќа. Парите се предадени на полицијата и ова не е првпат да се случува вакво нешто“, изјави шефот на противпожарната единица Чафер Јилмаз.

Претходно руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека руските спасувачи пронашле 150.000 долари во готовина под урнатините на една од зградите, а парите и ги предале на полицијата.

Од 10-те најсмртоносни земјотреси во човечката историја 2 се во Турција

Милиони луѓе останаа без своите домови по земјотресите што ги погодија Турција и Сирија пред речиси две недели. Има многу што живеат на улиците, пред урнатините на зградите каде што некогаш живееле.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија