
Премиер лигата својата нова сезона ја започнува со натпреварот меѓу Кристал Палас и Арсенал кој започнува вечер од 21 часот. Најмногу шанси за титула им се дава на Ливерпул и Сити.

Најдобрата фудбалска клупска лига влегува во нова натпреварувачка година во која титулата ќе ја брани Манчестер Сити – екипа која освои четири од последните пет изданија. Ништо ново не е дека нема македонски фудбалер во Премиер лигата. Последен наш претставник беше Алиоски во Лидс.
Сити ја брани титулата, а главен ривал годинава ќе им биде Ливерпул, кој минатата сезона – вторпат во краток период – имаше само бод помалку по 38 одиграни натпревари.

Покрај Ливерпул, интересно ќе биде да се види колку Арсенал, кој имаше импресивни подготовки и по долго време, може да конкурира за врвот. Челзи и Тотенхем се во група со Арсенал, додека од Манчестер Јунајтед не се очекува многу додека не го средат хаосот околу иднината на Кристијано Роналдо.
За пласман во Европа ќе се борат и Лестер, Њукасл, Вулверхемптон, а внимание треба да се посвети и на Астон Вила, Евертон, Брајтон…
Ново-стари тимови во Премиер лигата се Фулам, Бурнемаут и Нотингем Форест и ќе биде интересно да се следи нивниот пат, кој нема да биде нималку лесен и најверојатно ќе се борат за опстанок.
Премиер лига, 1 коло:
петок:
21.00 Кристал Палас – Арсенал
Сабота:
13.30 Фулам – Ливерпул
16:00 Бурнемаут – Астон Вила
16.00 Лидс – Вулверхемптон
16:00 Њукасл – Нотингем Форест
16:00 Тотенхем – Саутемптон
18:30 Евертон – Челзи
недела:
15.00 Лестер – Брентфорд
15:00 Манчестер Јунајтед – Брајтон
17:30 Вест Хем – Манчестер Сити