ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.02.2024
Престапни години – што би било ако ги нема?
Автор: Goce Author

Престапни години постојат за да помагаат да се усогласи 12-месечниот календар со движењето на Земјата околу Сонцето.

Не научија дека на Земјата и се потребни 365 дена за да направи целосен круг, но тоа патување трае околу 365 и четвртина дена повеќе. .

Оваа година е престапна, бидејќи наместо 365 има 366 дена. Тоа значи дека месец февруари има 29 дена. Секоја четврта година е престапна според Грегоријанскиот календар што го користи поголемиот дел од светот.

Престапните години се многу важни за планетата и без нив нашите години би изгледале поинаку.

Дваесет и деветти февруари го нарекуваат и престапен ден, а многумина го поврзуваат со разни суеверија и необични обичаи. Секоја четврта година се собираат преостанатите часови.

Престапните години постојат затоа што една година во Грегоријанскиот календар е малку пократка од сончевата година, поради времето што и е потребно на Земјата да го заобиколи Сонцето.

Идејата за престапни години потекнува од римскиот период

Календарската година има точно 365 дена, а сончевата година има приближно 365,24 дена, односно 365 дена, пет часа, 48 минути и 56 секунди.

Ритуали за првиот ден од летото – најдолгиот во годината

Идејата за престапни години потекнува од римскиот период, кога календарот имал 355 дена наместо 365, а се базирал на месечевите циклуси и фази.

Римјаните забележале дека нивниот календар не е синхронизиран со годишните времиња, па почнале да додаваат дополнителен месец, кој го нарекувале Маркедониј, на секои две години за да ги надополнат деновите што недостасувале.

Во 45 п.н.е., римскиот император Јулиј Цезар го вовел соларниот календар, врз основа на календарот развиен во Египет. На секои четири години, февруари добива дополнителен ден за одржување на календарот во согласност со патувањето на Земјата околу Сонцето. Во чест на Цезар, овој систем се уште е познат како Јулијанскиот календар.

Како што минуваше времето, луѓето сфатија дека патувањето на Земјата не е точно 365,25 дена, тоа траеше 365,24219 дена. Тоа е 11 минути помалку. Додавањето цел ден на секои четири години беше всушност малку повеќе корекција отколку што беше потребно.

Во 1582 година, папата Григориј Тринаесетти потпишал наредба која имала мала корекција. Сè уште би имало престапна година на секои четири години, освен во „вековни“ години. Тое се оние кои се деливи со 100, како што се 1.700 или 2.100.

Можеби звучи како загатка, но ова прилагодување го направи календарот уште попрецизен и тогаш се роди Грегоријанскиот календар.

Ако календарот не ја направи таа мала корекција на секои четири години, немаше да има усогласување со годишните времиња. Со текот на вековите, ќе се појави проблем, па солстициумот и рамноденицата ќе се случат во различни периоди. За околу 700 години, летото на северната хемисфера ќе започне во декември, а не во јуни.

Прославуваме исто раѓање, но на различни датуми. Зошто православните верници го слават Божиќ на 7 јануари?

Што ако немавме вакви години со 29 дена во февруари?

Другите календари ширум светот имаат свои начини на задржување на времето. Еврејскиот календар, со кој управуваат Месечината и Сонцето, е како голема загатка со циклус од 19 години. Од време на време, се додава престапен месец за да се осигура дека специјалните прослави се случуваат во вистинско време.

Исламскиот календар е уште поуникатен. Ги следи фазите на Месечината и не додава денови. Бидејќи лунарната година е долга само 355 дена, клучните датуми во исламскиот календар се менуваат за 10 до 11 дена секоја соларна година.

Така, Рамазан, исламскиот месец на постот, оваа година спаѓа во деветтиот месец од исламскиот календар. Во 2024 година ќе биде во периодот од 11 март до 9 април. Во 2025 од 1 до 29 март, а во 2026 година ќе се слави од 18 февруари до 19 март.

Што би било ако навистина земјата застане?

Астрономијата се појави како начин да се добие смисла на нашиот секојдневен живот, поврзувајќи ги настаните околу нас со небесните феномени. Концептот на престапни години покажува како луѓето од раните времиња наоѓале ред во навидум хаотични услови.

Едноставните, несофистицирани, но ефективни алатки, родени од креативните идеи на древните астрономи и визионери, ги дадоа првите погледи во разбирањето на природата околу нас. Некои антички методи, како што се астрономијата и списоците на астрономски објекти, преживеале до денес, откривајќи ја безвременската суштина на нашата потрага да ја разбереме природата.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија