ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.12.2021
Приказна за настанокот на новогодишните украси
Автор: Goce Author

Во пресрет на новогодишната и божиќната магија, да се вратиме во минатото за миг, и да направиме ретроспектива на новогодишните украси. Каде и кога се појавува иницијативата за такви декорации.


Божиќ е особено свечен и важен во малото германско гратче Лауша, во сојузната покраина Тирингија, каде традицијата на дување стакло се пренесува од колено на колено од почетокот на 19 век. Таму, во 1597 година имало мала фабрика за стакло која произведувала чаши и стаклени чинии, но во 1755 година почнала да произведуваат шупливи стаклени перли што се користеле како накит или играчки.
По воведувањето на ковачкиот мев, во 1820 година дувачите на стакло можеле да „надуваат“ поголеми стаклени предмети, а малку подоцна, во 1847 година, неколку претприемачи од тоа германско место почнале да произведуваат стаклени украси во вид на овошје и јаткасти плодови. До денес, ова место успева да ги задржи квалитетот и вековната традиција и важи за едно од првите што почнале на големо да прават украси за Нова година и Божиќ.
Малкумина знаат дека украсите за елката биле направени од потреба, токму во Лауша. Во почетокот на 19 век, невработен дувач на стакло, во недостиг на пари да купи јаболка, јаткасти плодови и други слатки со кои се китела елката, на своите деца им направил стаклени меурчиња за да ја украсат елката.


Сите новогодишни хумани гестови


За дувачите на стакло од ова место, 1880 година била пресвртница. Имено, американската компанија „Вулворт“ склучила договор со германска фабрика за изработка на божиќни украси, нарачувајќи големо количество кревки стаклени предмети.
Денес во Лауша, помалите семејни фирми, произведуваат украси за новогодишни елки.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија