
Професорот по математика, Кристофер Дојл споделувал разголени фотографии од своја ученичка на интернет. После скандалот тој поднесе оставка во 2019 година, а Кејтлин мораше да плати 10.000 долари. Како што пренесува New York Post, овој професор по математика од Њу Џерси сега е вработен во друго училиште, недалеку од она во кое направил скандал.

Kaitlyn Cannon
Кошмарот на Кејтлин започнал во 2018 година кога и беше кажано дека разголените фотографии кои му ги испраќа на нејзиното момче завршиле на порно сајт. Со нив биле нејзиното име и презиме и адреса.
Истражувачите откриле дека фотографиите биле поставени од компјутер што го користел само наставникот по математика Кристофер Дојл, нејзиниот поранешен професор.
„Ужасно ме погоди. Тие фотографии требаше да бидат само за една личност, кога дознав дека ги споделил мојот поранешен професор, се чувствувам уште полошо. Почнав да се плашам од се, бев параноична. Не можев да верувам дека некој би можел да го стори тоа“, рече Кејтлин, која потоа отвори страница за да им помогне на жртвите на одмаздничко порно.
„Не сум лош човек, направив грешка. Извини, се надевам дека ќе можеш да ми простиш“, рекол тој.
Не е јасно како дошол до фотографиите. Дечкото на Кејтлин тврди дека го изгубил мобилниот телефон.