ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.01.2023
Пронаоѓање на исчезнати деца со Amber Alert?
Автор: Goce Author

За жал се почесто се среќаваме со тажни вести како што се исчезнувањата на деца. Замислете дека во ваков момент би пристигнале информации на телефонот, на вестите, на радијата на сите граѓани во државата. Со податоците за децата кои исчезнале како што се: име, висина, изглед, каде е последен пат видено… пронаоѓањето би било полесно нели?
Во некои држави тоа е возможно благодарение на Amber Alert – центар за исчезнати деца.

Photo by: cbc.ca

Што е Amber Alert?

„AMBER Alert е фондација која се стреми да ја подобри заштитата на исчезнатите деца и да ги зајакне децата преку подигање на свеста за прашањето на исчезнатите деца и нејзините основни причини. Ние поврзуваме експерти од 44 владини организации, особено министерствата за внатрешни работи и полициските сили, и невладини организации од 28 земји во нашата мисија за нула исчезнати деца во Европа.“ , се вели на нивната официјална страна. 


Зошто се случува булинг кај младите?


Во Европа годишно исчезнуваат 300.000 деца, а овој центар има за цел да го промени тоа преку подобрување на заштитата за децата. Моментално во Србија има кампања за Amber Alert на сите друштвени мрежи со хаштаг #hocemoamberalert.
Останува да се надеваме дека овој центар наскоро ќе започне да го покрива и целиот Балкан.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија