ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.06.2022
Прославил матура на 78 години
Автор: Goce Author

Тед на 78 години конечно ја добил својата диплома од средно образование оваа година и прославил матура заедно со 60 години помлада генерација. Тед Самс бил матурант во средното училиште Сан Габриел во Америка во 1962 година, но не можел да ја добие својата диплома бидејќи не го платил долгот во библиотеката од 34 куни.

Photo by:pexels.com

Според Тед, во 1962 година бил суспендиран пет дена пред крајот на учебната година, поради што не можел да го полага завршниот испит. За да го положи и конечно да дипломира, Тед се запишал на летна школа за време на која го положил испитот, но кога се вратил во Сан Габриел за да ја добие својата диплома, тие му рекле дека не можат да му ја предадат поради долг во библиотеката. Тед тогаш немал пари да го плати долгот, па решил да почека.

Примен на 27 универзитети, на кој да се запише?!

Чекањето траело 60 години, па на 78 години Тед конечно ја добил својата диплома оваа година.

Неговите ќерки Шери и Сали решиле да го проверат тоа и стапиле во контакт со училиштето, кое ја „ископало“ 60-годишната диплома на Тед од архивата. После тоа, директорот на училиштето, го повикал Тед и направил нешто невидено – Тед станал матурант пред своите ќерки, внуци и правнуци.

 

 

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија