
Православните и католиците веруваат дека Исус Христос дошол на светот во ист ден, но поради разликата во календарите некои го слават Божиќ на 25 декември, а другите на 7 јануари.

Photo by Kharytonova Antonina on Unsplash
До 1582 година, датумите се пресметувале според јулијанскиот календар, кој бил воведен во 45 година п.н.е. Повеќе од 15 века подоцна, папата Григориј XIII го воведува новиот Грегоријански календар. Имено, Јулијанската година во мала мера се разликувала од тропската, односно од времето кога Земјата и било потребно еднаш да го заобиколи Сонцето. Поради ова, папата решил да изостави 10 дена, а во 1582 година, по 4 октомври, веднаш се прославил 15 октомври.
Повеќето католички земји веднаш го прифатија овој реформиран календар. Протестантските земји го направиле тоа на почетокот на 18 век, а некои други дури подоцна. Но, православните цркви кои не го прифатиле реформираниот календар, Божиќ го слават малку подоцна од оние за кои 25 декември доаѓа порано токму поради споменатите прескокнати денови. Во моментов разликата меѓу јулијанскиот и грегоријанскиот календар е 13 дена, пишува порталот Polis.ba.
Православните и католиците веруваат дека Исус Христос дошол на светот во ист ден, но поради разликата во календарите, едните го слават Божиќ на 25 декември, а другите на 7 јануари.
Среќен Божиќ