ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.07.2022
Пушењето во Нов Зеланд ќе биде комплетно забрането
Автор: Goce Author

Пушењето ќе биде комплетно забрането во Нов Зеланд, со закон кој предвидува секоја година да се намалува старосната граница за купување цигари.

Владата на Нов Зеланд воведе нов закон со кој се обидува целосно да го забрани пушењето за идните генерации, пишува Гардијан.

Планот е дизајниран да постави нова граница за купување цигари секоја година. Новите мерки за кои се расправаше во парламентот се сметаат за први мерки од ваков тип во светот.

Пратениците од Нов Зеланд им ветија на гласачите дека ќе стават крај на, како што велат, одвратното и бизарно владеење на тутунските компании, со воведување на прв светски закон што ќе ја спречи следната генерација да може легално да купува цигари.

Штетни ли се новите цигари кои не согоруваат од топлина?

„Со децении им дозволувавме на тутунските компании да го задржат својот удел на пазарот со тоа што го направија нивниот смртоносен производ сè позависен. Тоа е одвратно и бизарно. Имаме повеќе безбедносни прописи за сендвичите во оваа земја отколку за цигарите“, рече помошникот министер за здравство Аџиса Верал. .

Предлог-законот веќе имаше речиси универзална поддршка на прво читање. Се очекува да стапи во сила во 2023 година.

Правилата важат само за тутунските производи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија