ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.04.2022
Путин ја спречил ќерка си да слави роденден во странство
Автор: Goce Author

Владимир Путин ја казнил ќерка си и ја спречил да отпатува во странство, каде сакала да го прослави роденденот, јавуваат странските медиуми. Наводно тоа го направил од страв дека Марија Воронцова нема да се врати во Русија.

Фото: Delfi

„Путин одговори со категорично одбивање и ги зајакна мерките за заштита на неговата ќерка Марија. Според нашите информации, најстарата ќерка на претседателот не планирала да се врати во Русија“, пишуваат руските медиуми. Не се наведува дали причината е нејзиниот наводен план за бегство поради руската инвазија на нејзиниот татко во Украина.

Имено, таа сакала да одлеата во на Русија „пријателска“ земја. Патувањето го планирала со партнерот Јевгени Нагорни, со кој наводно започнала врска по раскинувањето на бракот со холандскиот бизнисмен Јорит Фасен.

Инаку, Марија е најстарата ќерка на Путин, која ја доби со поранешната сопруга Људмила. Таа е една од санкционираните руски државјани поради поврзаноста со Путин. Сега не му е дозволено да патува во повеќето западни земји.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија