ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.06.2022
Работна недела од 4 дена – експеримент во Велика Британија
Автор: Goce Author

Работна недела од само 4 дена е тестот кој Велика Британија ќе го спроведе во наредните 6 месеци. Целта е да се види дали со пократко рабоно време може да се постигнат подобри резултати.

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите.

Пилот проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата на глобално ниво“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува Гардијан.

Истражувањето се заснова на шемата 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност.

Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната групација „4 Days a Week Global“, вели дека Велика Британија е предводник на четиридневната работна недела.

„Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност“, рече тој.

Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг.

Кои се предизвиците на младите кои почнале сопствен бизнис?

Истражувачите ќе работат со секоја организација што учествува во проектот за да го измерат влијанието на намалената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините работници, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска.

Работна недела од четири дена е историски експеримент

Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.

„Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот“, објаснува таа.

Тој додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни придобивки – им помага на вработените, компаниите и климата.

„Нашите истражувачки напори ќе копаат во сето ова“, истакнува Скор.

Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во ОК што прифати четиридневна работна недела.

„Ние сме шампиони во однос на флексибилна работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор“, рече тој.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија