

Photo by Marvin Meyer on Unsplash
Празничниот јануари нуди многу неработни денови, но некако се чини дека после Божиќ сепак работите се враќаат во нормала, и повеќето од нас ќе се вратат на своите работни места. Тоа што баш се погоди да биде понеделник, ќе биде повод повеќе за постирање на познатите досетки и мемиња за понеделникот како несакан ден. Овој пат сепак е поверојатно дека многумина со задоволство ќе се вратат во своите канцеларии, со оглед на тоа дека празниците понекогаш носат и доза на здодевност, и недостасува работната динамика. А на работните места, во канцелариите, на бироата, според многу анализи, не е се така како што изгледа на прв поглед. Има нешта кои се понечисти од на пример ВЦ шоља!
Најважните податоци за вас се на вашиот компјутер – заштитете ги!
За оние кои бараат дополнителни причини да избегнат враќање во канцеларија, истражувачите открија места полни со бактерии и други нечистотии на работното место.
Анализирајќи ги местата кои најмногу допираат во текот на работниот ден, откриле габи и бактерии.
Најзагадено било компјутерско глувче, а на него била пронајдена 11 пати повеќе нечистотија отколку на тоалетна школка.
Надвор од канцелариското биро, заедничката кујна имаше најневидлива нечистотија, особено бојлерот и фрижидерот.
Поради пандемијата сите сме навикнати да користиме гел за раце, но и шишињата што ги содржат се полни со нечистотија, покажуваат истражувањата, пишува Daily Mail.