ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.06.2022
Рафаел Надал го „освои“ Париз за 22-ра гренд слем титула
Автор: Goce Author

Рафаел Надал ја освои 22-та Гренд слем титула, со победата во финалето на Ролан Гарос над норвежанецот Каспер Руд.

Фото: Rolandgarros.com

Во финалето на турнирот Ролан Гарос во Франција, во финалето се сретнаа Рафаел Надал и Каспер Руд. И двајцата имаа пеколен распоред за да дојдат до финалето, Рафаел Надал го почна добро турнирот и одигра 3 маестрални меча, но во осмина финалето имаше тежок меч со Аугер Алисман од Канада, меч во кои нијанси одлучуваа, го победи тој макотрпен меч од 5 сетови и после следуваше меч против неговиот вечен ривал Новак Џоковиќ
Се чинеше дека Надал е истрошен од предходниот меч и дека тука ке застане и ке го заврши своето учество на овој турнир, но Рафа прикажа едно од своите најдобри изданија и со 3:1 во сетови го победи Џоковиќ и се упати кон полуфиналето против Зверев. Сите очекуваа спектакл помегу овие двајца тенисери, и беше така се до крајот на вториот сет каде Зверев се повреди и мораше да го предаде мечот и да му го препушти финалето на Рафаел Надал.

Гренд слем Вимблдон ги исфрли тенисерите од Русија и Белорусија

До финалето драма, финале без неизвесност со доминација на Рафаел Надал

Каспер Руд го почна доста рутински овој турнир победувајќи го ветеранот Тсонга и младиот Русусори,и веке во следниот меч беше пред елиминација од страма на Италијанецот Лоренцо Сонего кога губеше со 2:1 во сетови, но го подигна своето ниво на тенис и со пресврт стигна до победа од 2:3 и се упати во осмина-финалето,тука веке беше беспрекорен и до финалето сите 3 меча ги победи со резултат 3:1.
Во финалето се очекуваше да има неизвесна борба помеѓу овие двајца тенисери, но Рафаел Надал како и без број пати до сега покажа зошто е еден од најдобрите тенисери во историјата,ги освои првите два сета со резулатат 6:3, а третиот сет беше само формалност и Надал го освои со резултат 6:0, едноставно Каспер Руд не можеше да најде решение за најдобриот тенисер на земја, и големото финале заврши. За Рафаел Надал ова е 22 гренмд слем титула, а 14-та на Роланд Гарос.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија