ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.07.2022
Реал и Барса плаќаат по 5 милиони евра неделно за плати
Автор: Goce Author

Реал Мадрид и Барселона со највисок буџет за плати во Ла лига – неделно над 5 милиони евра, Еден Азар најплатен играч со над половина милион евра.

Еден Азар е најплатениот играч во шпанската Ла лига, со бруто плата од 600.962 евра неделно. Карим Бензема има помалку, 461.538, а новиот реаловец, Левандовски, 360.577 евра неделно.

Шпанските медиуми објавија листа на најплатени фудбалери во Ла Лига, а изненадувачки, најплатен е Еден Азар. Тој реално не се прослави со своите настапи во Реал Мадрид. Од него помалку земаат и Бензема, Модриќ, Крос, Винисиус…

Нашиот Столе Димитриевски, кој брани за Рајо Ваљекано има бруто неделна плата од 13.462 евра, или годишно 700.000 евра. Договорот му важи до 2024 година.

Топ 10 најплатени играчи во Ла Лига ги предводи Еден Азар со годишна бруто плата од 31.250.000 евра или 600.962 евра неделно.  Белгиецот, кој има 31 година и има уште две години од договорот со кралскиот клуб, не оправда ни мал дел од вложените пари.  Со тоа е јасно дека инвестицијата беше неуспешна.

Зад него е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак со годишен приход од 25 милиони евра. Трети е Карим Бензема кој добива милион помалку од словенечкиот голман.

Зад нив се Давид Алаба, Серхио Бускетс, Тони Крос, Антоан Гризман, Винисиус Јуниос и Жорди Алба. Меѓу десетте најплатени е хрватскиот ас Лука Модриќ кој заработува 19,7 милиони евра годишно.

Фото: FC Barcelona

Реал, Барса и Атлетико заедно плаќаат 14 милиони евра неделно за плати на играчите

Во поглед на буџетот кој го издвојуваат за плати, очекувано се издвојуваат Реал и Барселона. Реал Мадрид неделно за плати исплаќа 5.674.890 евра, (годишно над 295 милиони евра). Барселона нешто помалку – 5.159.234 неделно, или околу 268 милиони евра годишно. Атлетико Мадрид заостанува, неделно исплаќа 3 и пол милиони , односно годишно 183 милиони евра. Другите клубови значително заостануваат – на пример Севиља има неделни плати од еден милион, а Валенсија од 937.000 евра. Скромната Гирона за плати на фудбалерите издвојува 94.715 евра неделно, или околу 5 милиони евра годишно. Е тогаш е јасно зошто е толкава сензација кога таков клуб, или слично платените Елче, Гетафе, ќе им откинат понекој бод на големите Реал, Барса, Атлетико…

Сантијаго Бернабеу станува фантастичен „Трансформер“ стадион

Вкупните суми се вроглави – неделно во Ла лига само за плати на фудбалерите се издвојуваат над 24 милиони евра, годишно милијарда и 275 милиони евра. Сепак, јасно е – половина од целата сума отпаѓа на Реал и Барселона. Заедно со Атлетико, Виљареал Севиља и Валенсија, чинат над 80 проценти од вкупните средства кои се исплаќаат за плати на фудбалерите во шпанската лига.

Целосната листа можете да ја погледнете овде.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија