ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.05.2022
Реал шампион, вистината за скандалот со доцнењето во „магла“
Автор: Goce Author

Реал ја освои 14-та титула во фудбалската Лига на шампиони и покажа дека е најуспешниот фудбалски клуб во историјата.

И во финалето „кралевите“ покажаа дека и кога не игрфаат најдобро, знаат да победат. Впрочем, целата оваа сезона на Реал беше во еден таков стил, со чудесни пресврти, но и со факти кои говорат дека четата на Анчелоти елиминираше силни и енормно богати клубови – Сити, ПСЖ, Челзи…

Париското финале ќе остане запаметено и по скандалот за кој допрва се чини ќе треба да се дознава вистината – доцнењето на почетокот на натпреварот. Најпрво пролонгирањето беше за 15 минути, па потоа и за 36. Нешто што е вистински преседан во историјата, нешто што реално никој не очекуваше дека ќе и се случи на УЕФА, и тоа посебно коога едно финале се игра на пример во Париз. Имаше различни информации за причината за доцнење, првата беше дека навивачите на Ливерпул задоцниле и не можеле на време да влезат на стадионот, втората дека имало инциденти, па потоа и дека полицијата ги пречекорила овластувањата.

Реал шампион, Ливерпул со соопштение за скандалот

Фудбалскиот клуб Ливерпул излезе со соопштение во врска со тој скандал кој му претходеше на финалето од Лигата на шампионите.

Финалниот натпревар доцнеше повеќе од половина час. Во официјалното соопштение се вели дека навивачите се виновни за доцното влегување на стадионот, но подоцна се покажа дека организацијата била очајна.

Разочарани сме од проблемите со влезот на стадионот и рушењето на безбедносните бариери на кои наидоа навивачите на Ливерпул вечерва на стадионот „Франција“. Ова е најголемиот натпревар во европскиот фудбал и навивачите не треба да ги доживеат сцените што ги видовме вечерва. барање за истрага, која ќе ги открие причините за овие неприфатливи проблеми“, стои на официјалниот сајт на Ливерпул.

Навивачите со уредно купени билети стоеја во ред со часови, имаше и такви кои се обидоа да влезат бесплатно, а локалната полиција реши на нивен начин да употреби солзавец, без разлика што меѓу насобраните имаше и деца и трудници.

Останува да се види дали во наредните денови ќе има повеќе информации кои ќе фрлат вистинско светло на овие скандалозни случувања на париското финале.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија