
Швајцарија може да биде првата земја која ќе забрани тестирања врз животни, ако граѓаните така одлучат на референдум кој се одржува денеска.

Фото: Schengen Visa
Гласачите во Швајцарија денеска на референдум ќе одлучат дали нивната земја ќе биде првата во светот што ќе забрани тестирања врз животните. На граѓанското изјаснување ќе се разгледа и прашањето за заострувањето на контролата врз рекламирањето цигари.
Кампањата која беше насочена кон забрана за сите експерименти врз глувци, стаорци и други животни ги собра потребните потписи за да се организира гласање според швајцарскиот систем на директна демократија. Оваа иницијатива наиде на отпор од фармацевсткиот сектор.
Индустријата, која ги вклучува и фармацевтските гиганти „Рош” и „Новартис”, наведе дека таквите истражувања се потребни за да се развијат нови лекови.
Поддржувачите на забраната за тестирање животни, за кои владините бројки покажуваат дека само во 2020 година предизвикале смрт на повеќе од 500.000 животни во швајцарските лаборатории, наведуваат дека праксата е етички погрешна и непотребна.
Во истражување на јавното мислење во Швајцарија, 68 % од испитаниците биле против предложената забрана, но сепак, исходот од денешниот референдум ќе биде клучен.
Црна Гора – нема обложување за социјалци, стипендирани студенти …
Поинаква е сликата кај вториот дел од референдумот – прашањето за дополнително ограничување на рекламирањето на тутунот. Овде 63 % од испитаниците ја поддржуваат мерката. Кампањата против тутунот, која за да помине е потребна поддршка од повеќето кантони и гласачи, се стреми да ги прошири сегашните ограничувања за рекламирање на рекламите секаде каде што младите можат да ги видат. Тоа би значело забрана за рекламирање во весници, кина, интернет, на спортски и други настани и на билборди