ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.05.2023
Ролан Гарос ќе ги штити тенисерите на социјалните мрежи
Автор: Goce Author

Тенискиот Гренд Слем Ролан Гарос ќе се обиде со вештачка интелигенција да ги заштити тенисерите од злоупотреба на социјалните мрежи.

Тенисерите велат дека не ги читаат коментарите – но во реалноста не е така. Многу тенисери ги споделуваат своите животи на интернет, давајќи им на следбениците увид на она што се случува на турнирите. Тоа е начин навивачите да се чувствуваат поблиски со играчите, и обратно. Но по мечот, загубен или добиен, пораките добиваат сосема поинаков тон.

На почетокот на мај, Американката Тејлор Таунсенд сподели видео од смртна закана и расистичка злоупотреба што ја добила во е-пошта.

Таунсенд доживеа пораз во третото коло на Отвореното првенство на Италија.

„Мислам дека фановите би биле многу изненадени да видат какви коментари добиваме, не само од нас, туку и од членовите на нашето семејство“, вели шестата светска тенисерка Кори Коко Гоф.

„Затоа се трудам да ја заштитам својата приватност што е можно повеќе, бидејќи не сакам да ги подложам моите пријатели и семејството на тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Townsend (@tay_taytownsend)


Оваа година организаторите на Отвореното првенство на Франција на играчите на турнирот им понудија вештачка интелигенција – заштита од злоупотреба на социјалните мрежи. Но, што прави тоа и дали играчите ќе го користат?

Како Ролан Гарос има намера да ги заштити играчите

Технологијата „Телохранител“ има за цел да ги филтрира навредливите коментари на Facebook, Instagram, Twitter, YouTube, Tiktok и Discord.

Играчите можат да скенираат QR-код за да ги поврзат нивните сметки на социјалните мрежи со системот. За него компанијата вели дека го анализира секој коментар во реално време за помалку од 200 милисекунди и ги блокира навредливите забелешки.

Компанијата вели дека тим од лингвисти создал обрасци на зборови кои можат да се ажурираат во реално време за да ѝ помогнат да ги филтрира навредливите коментари, додавајќи: „Целта е да се осигураме дека ништо не се лизга низ мрежата без да биде претерано цензурирано“.

Ова е најдобрата спортска фотографија

Отвореното тениско првенство на Франција е првиот од четирите Грен слем турнири што ја воведува оваа можност. Извршната директорка на Француската тениска федерација, Каролин Флесиер, истакна дека менталното здравје на играчите е „приоритет за Ролан Гарос“.

Додека социјалните медиуми им овозможуваат на играчите да бидат подостапни, тие исто така ги изложуваат на поголем притисок од навивачите.

Тенисот е спорт во кој натпреварите се играат речиси цела година, што го прави многу привлечен за казината.

„Веројатно се обложија на мене. А потоа ми пишуваат луди пораки“, вели поранешната шампионка на Ролан Гарос и 17. рангирана тенисерка во светот, Јелена Остапенко.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија