ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.06.2022
Ролан Гарос: Полуфинале, Надал – Зверев, Руд – Чилиќ
Автор: Goce Author

Ролан Гарос во финиш, денеска се играат машките полуфиналиња, во женското финале утре Швјонтек и Гоф.

Новак Џоковиќ е симнат од врвот, останува прашањето дали Надал ќе успее да го елиминира и Зверев , и дали можеби ова ќе е последен Ролан Гарос за него, како што најавуваше пред почетокот на турнирот.

Денеска на програмата се мечевите од полуфиналето во машка конкуренција.

Од 14.45 часот започнува мечот меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Германецот Александар Зверев, а после нив на централниот терен „Филип Шатрије“ излегуваат Норвежанецот Каспер Руд и Хрватот Марин Чилиќ.

Надал и Зверев се среќаваат по десетти пат, а Шпанецот досега е поуспешени води со 9-3. Последните два дуели се одиграа минатата година, кога двајцата славеа на еден Мастерс на земјена подлога, Зверев во Мадрид, а Надал во Рим.

Коко Гоф

Од друга страна, Руд и Чилиќ се среќаваат по трет пат, а Хрватот ја бара првата победа против Норвежанецот. Минатата година Руд славеше во три сета во Торонто, а една година претходно во два во Рим.

Вчера ( четврток)ги добивме учесничките во женското финале. Утре, (сабота) од 15 часот за титулата ќе се борат Полјакињата Ига Швјонтек и Американката Кори „Коко“ Гоф.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија